Дачиќ: Се уште нема договор со Приштина

Од:

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Владата на Србија ќе го извести парламентот за преговорите со Приштина, кога ќе има напредок, додавајќи дека се уште нема договор.

Дачиќ истакна дека е договорено проблемот со паралелните институции на Косово да се реши со формирање на заедници на српските општини, но дека Приштина не прифаќа таа заедница да има карактеристика на извршна власт.

Премиерот на Србија истакна дека државата сака да го реши проблемот и би било добро да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, но и Унијата треба да знае дека со недобивање на датум, ќе се убие дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Тој наведе дека Србија е конструктивна во преговорите и дека е проблем тоа што волјата на Белград, очигледно не наидува на добра волја од Приштина.

Ние немаме веќе каде да попуштиме – изјави Дачиќ по состанокот со министрите за внатрешни работи на Австрија и Унгарија.

Премиерот на Србија наведе дека владата за приговорите со Приштина ќе го информира парламентот.
Тој додаде дека за дијалогот со Приштина го известил и заменикот на државниот секретар на САД, Вилијам Бернс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Дачиќ: Додик и Стевандиќ се државјани на Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски