Дачиќ се спореди со царица Милица

Од:

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави дака по консултација со потпретседателот на владата Александар Вучиќ одлучил да не бара од полицијата да реагира на телефонските закани, бидејќи не сака од тие луѓе да прави херои. Тој истакна дека не се плаши, поради тоа што не е предавник.

-Полицијата започна со истрагата поради заканите, но јас и Вучиќ ја прекинавме за да не правиме херои од нив и да не помислат дека сме се уплашиле од нешто, појасни Дачиќ и додаде дека и од Сремска Митровица добил порака дека ќе добие куршум.

Потсетувајќи се на 1389 година и жртвите низ историјата за зачувување на српскиот народ, Дачиќ повтори дека не е предавник и дека сака да води јасна и одлучна политика.

Тој додаде дека со договорот во Брисел на Србите им е загарантирана безбедноста и дека поголеми гаранции од тие Белград не можел да добие.

-Добив порака дека го предадовме цар Лазар. Тој настрада на Косово, него го уби Бајазит. Наредната година царицата Милица во харемот на убиецот на нејзиниот сопруг ја одведе својата најмлада ќерка Оливера и му ја даде за жена, на човекот од друга вера, кој ја нападна Србија. Зошто? Одлуката ја донесоа големците и црквата. Дали царица Милица го издаде својот Лазар со тоа? Тоа го направи поради својот народ и денес во СПС Милица и Оливера се симбол на жртвите за српскиот народ- потсети Дачиќ.

Тој изрази незадоволство и поради лекциите кои пристигнуваат од граѓаните на Србија кои живеат низ светот, дека Србија никако не треба да влегува во Европската Унија и ги повика да се вратат во државата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани