Дачиќ се ракуваше со Тачи

Од:

Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи за прв пат се сретнаа денеска во кабинетот на Кетрин Ештон, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Состаникот кој траеше повеќе од час и половина почна со ракување на двајцата премиери.
„Средбата беше професионална. Се ракуваа затоа што така налага нашиот протокол“ пренесува српски Блиц извор близок до Ештон.

Нивната заедничка средба следуваше откако шефот на европската дипломатија имаше одвоени средби со двајцата, прво со Дачиќ, а потоа со Тачи.

Ештон кажа дека средбата поминала во „добра и конструктивна атмосфера“.

„Цврсто сум убедена дека дијалогот е во интерес на двете страни. Целта на дијалогот е да го унапреди животот на луѓето и да се решат проблемите, но и да ги приближи Србија и Косово до Европската Унија“, напиша Ештон во соопштението по средбата во Брисел.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски