Дачиќ предупредува: Се планира воен напад на Република Српска, Србија е доволно јака да ја одбрани

Од:

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ смета дека изјавата на Сефер Халиловиќ за уништување на Република Српска претставува најголема закана за мирот и стабилноста во регионот.

Според Дачиќ, Халиловиќ е неофицијален портпарол на Бакир Изетбеговиќ.

-Халиловиќ го говори тоа што Изетбеговиќ го мисли. Затоа неговите закани треба да се сфатат сериозно, бидејќи покажуваат дека постојат воени планови кои се базираат на проценката дека Република Српска не може да издржи повеќе од 10-15 дена, но и дека Србија нема да може да ја одбрани. На сите им е јасно дека референдумот е само изговор, а дека зад сето тоа стои намерата со војна да се уништи Република Српска. Да сакаа компромис, Уставниот суд можеше да промени барем една запирка во својата одлука. Но нив не им е важен компромисот, туку изговорот за воените намери и планови за што Муслиманите во БиХ очигледно се подготвуваат, се наведува во соопштението од српското министерство за надворешни работи.

-Србија сака мир и ќе направи се да ја сочува стабилноста, но сигурно нема да дозволи воен напад и уништување на Република Српска. За тоа не треба никој да се сомнева, рече Дачиќ.

Тој додаде дека Србија е доволно јака да се одбрани, но и да не дозволи уништување на Република Српска доколку биде нападната.

-Очекуваме итна реакција на меѓународната заедница и меѓународните претставници во БиХ, доколку навистина сакаат мир, рече Дачиќ.

Генералот и началник на воениот штаб на Армијата на БиХ, Сефер Халиловиќ се закани дека Република Српска ќе исчезне доколку се спроведе најавениот референдум.

Тој тврди дека со тоа ќе се поништи Дејтонскиот договор и ќе стапи в сила Уставот на БиХ.
-Не се закануваме никому, но нема да дозволиме да однесат и најмал дел од БиХ, рече Халиловиќ кој гостувајќи на ТВ1 за референдумот во Република Српска зборуваше како за сецесија.
На прашањето дали во БиХ и на едната и на другата страна им доволно луѓе подготвени да војуваат, Халиловиќ одговори со “Да, апсолутно“.

-И затоа јас апелирам да се размисли. Милошевиќ го нема, ЈНА не постои, не постојат илјада тенкови, илјадници транспортери. Србија не може да и помогне на РС. Нема да дозволиме некој да ни отцепи пола држава, рече Халиловиќ.
Српскиот премиер Александар Вучиќ кажа дека се обидува да ги смири тензиите.

-Србија како потписник на Дејтонскиот договор има свои обврски, пред се затоа што има свој народ преку Дрина, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Спасувачите се обидуваат да извлечат жена и девојче

Дачиќ: Откриена е голема измама, жртвите останале без милиони евра

Горан Наумовски

Дачиќ на средба со Мицкоски, разговарале за унапредување на односите

Предраг Петровиќ

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ