Дачиќ: Поделбата на Косово е единствено решение

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Брисел не може да ја натера Србија да ја признае независноста на Косово и дека поделбата на покраината е единственото можно решение.

„Сеуште мислам дека поделбата на Косово е единственото можно решение и сигурен сум дека Албанците на Косово ќе го прифатат. Меѓутоа, се поставува прашањето дали тоа може да предизвика протести во регионот, а се избегнува фактот дека потреси предизвика и тоа што е Србија поделена“, изјави Дачиќ.

Тој кажа дела трајно решение не постои и дека политичкиот дијалог е потребен во овој момент поради интересите на Србите и Албанците.

„Во оваа фаза е прифатливо се што не е признавање на едностраната независност на Косово. Не може Брисел да не натера да ја прифатиме независноста на Косово“, рече Дачиќ и додаде дека Косово не го имаат признато и пет членки на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски