Српскиот премиер Ивица Дачиќ ќе биде главниот преговарач од српска страна во разговорите за конечно решение на Косово.
Од кабинетот на претседателот пак информираат дека биле разгледани неколку опции за Косово, а кога ќе отпочнат преговорите „целата јавност ќе ја дознае конечната позиција на Србија“.
Во преговарачкиот тим на Србија ќе бидат и неколку министри чии ресори се однесуваат на главните теми околу кои ќе се разговара.
Дипломатски извори од Брисел наведуваат дека кабинетите на Кетрин Ештон, Николиќ, Дачиќ и Тачи се во интензивна комуникација и се усогласуваат темите, како и тоа дека српскиот претседател дал до знаење дека сака ова прашање да се затвори во првата година од мандатот на оваа влада.