Дачиќ: Големоалбанската политика го загрозува регионот

Од:

Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска оцени дека скандирањето на името на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и изјавите од Приштина за сеалбанска победа, по повод изборите во црногорската општина Тузи, е најдобра потврда за големоалбанската политика.

– Веројатно на сите им е јасно дека не е загрозен само територијалниот интегритет на Србија, туку и на Црна Гора, Северна Македонија и Грција. Секое понатамошно затворање на очите пред создавањето на Голема Албанија може да доведе до загрозување на мирот и стабилноста во регионот, предупреди Дачиќ во изјава за Танјуг.

Приврзаниците на албанските партии во подгоричката општина Тузи, во која живеат претежно Албанци, синоќа победата на локалните избори ја прославија со извикување „УЧК“ (ОВК) и со знамиња на Албанија, потсетува Танјуг.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Во Србија запленети се три тони стероиди

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин