Дачиќ: Балканскиот пат на дрогата се проширува во Македонија, Косово и Бугарија

Од:

Балканскиот пат на дрогата, преку кој хероинот од Авганистан се пренесува на пазарот на Западна Европа, во последно време се прошири во Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Бугарија и Романија. Воедно, овој пат се користи и за илегална трговија со кокаин – изјави српскиот премиер во Москва, Ивица Дачиќ.

Како што напомена Дачиќ на Меѓународната конференцијата за борба против нелегалната трговија со наркотици, албанските криминални групи претставуваат значаен дел од европската нарко мафија.
Тој посочи дека ваквата состојна бара формирање на заеднички истражувачки тимови на меѓународно ниво, кои ќе се борат против илегалната трговија.

– ЕУЛЕКС и УНИМК имаат обврска да го пресечат протокот на наркотици во Косово. Српската влада не може да стори ништо, бидејќи според Резолуцијата 1244 на Обединетите нации, српската полиција не е присутна на Косово – изјави Дачиќ.

На новинарското прашање зошто Србија не го уапсила нарко босот Насер Келменди, премиерот на Србија објаснува дека Келменди не е државјанин на Србија и не може да биде испорачан на земји кои не ја признаваат независноста на Косово.

Инаку, медиумите од регионот пред речиси еден месец, пишуваа дека криминалната организација на Келменди имала влијание преку своите членови и во Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Германија и САД.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани