Црвениот крст и Црвената полумесечина бараат хуманитарна помош за мигрантите во БиХ

Од:

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) предупредија дека е потребна итна хуманитарна помош за илјадници мигранти кои зимата ја дочекаа во Босна и Херцеговина.

ИФРЦ објави соопштение во кое се истакнува дека од почетокот на годината во земјата влегле повеќе од 23.000 мигранти со намера да го продолжат својот пат кон земјите на ЕУ, и оти се претпоставува дека во моментов во земјата има 5.300 мигранти од кои повеќето се наоѓаат во близина на границата со Хрватска.

Истакнувајќи дека мигрантите се сместени во шатори, напуштени објекти и импровизирани кампови, ИФРЦ предупредува дека таквото сместување не дава заштита од студ.

– И покрај најдобрата намера на хуманитарните агенции да обезбедат храна и сместување за мигрантите, условите за живот на тие луѓе се уште се лоши, а ризикот од хипотермија е се поголем со доаѓањето на постудените денови. Без хуманитарна помош е тешто да се претпостави колкумина ќе преживеат до пролет, истакна регионалниот директор на ИФРЦ за Европа Симон Мисири.

Во соопштението се наведува дека Црвениот крст на БиХ секојдневно доставува храна за 3.000 луѓе во шест прифатни центри, но оти има ограничени капацитети.

– ИФРЦ и Црвениот крст на БиХ бараат 3,3 милиони швајцарски франци за да обезбедат храна за девет месеци за 1.000 луѓе во два центри, и средства за хигиена и други неопходни работи како ќебиња и вреќи за спиење за наредните 12 месеци, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он