Црвен крст на Град Скопје отвора нов пункт за облека

Од:

Црвениот крст на Град Скопје денеска ќе отвори Пункт за облека со цел да се овозможи посистематизиран начин на дистрибуција до оние лица кои не се во можност да купат облека.

Минатата годин а како прва фаза од овој проект беа поставени седум контејнери за облека во кој граѓаните во секое време можат да донираат облека.

Планирано е пунктот да прерасне и во продавница за облека во која граѓаните ќе можат за ниски и достапни цени да купуваат половна облека. Во продавницата ќе работат лица од социјално загрозени семејства, а средствата што ќе се собираат од продажбата повторно ќе бидат наменети за остварување хумани цели.

Пунктот ќе биде лоциран на ул. Партизански одреди, ТЦ Порта Буџаковец, а објектот ќе функционира со поддршка на Алфа Банка.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата