Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Бугарија, јави БТА.
Предвидено е Ѓукановиќ да се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов, по што ќе се одржи и официјална средба меѓу владините делегации на двете земји.
По завршувањето на разговорите ќе биде потпшан договр за соработка во областа на културата меѓу Бугарија и Црна Гора.
Во состав на официјалната делегација што ќе го придружува Ѓукановиќ за време на псоетата на Софија ќе бидат и министрите за економија, за одржлив развој и туризам и за култура, Владимир Кавариќ. Бранимир Гвозденовиќ и Павле Горановиќ.