Црногорскиот митрополит Михаило ги повика верниците за Велигден да останат во своите домови

Од:

Велигденските денови треба да се минат во домовите, со семејства, покажувајќи одговорност кон себе, своите најмили, општеството и државата Црна Гора, порача митрополитот на Црногорската православна црква Михаило.

„Во овие денови на голо искушение, дожлни сме да ги почитуваме и строго да се придржуваме до наредбите на Националниот координативен тим за заразни болести. Не одзивајте се на повиците на неодговорните и злонамерни свештеници од Белградската патријаршија, кои ги повикуваат верниците на литургија за Велигден. Се изложувате себе си, сопствените семејства и сите оние кои се во контакт со вас на опасноста од зараза со коронавирус, која може да заврши со тешки последици, па дури и смрт“, се наведува во велигденското послание на владиката Михаило.

Тој воедно потсети дека во Украина од коронавирус веќе починаа неколкумина монаси и еден владика, во Србија еден владика, а заразени се повеќе свештеници, додека во Италија починале стотици, пренесува РТЦГ.

„Останете во домовите со молитва на усните за сите оние кои деновиве се грижат за нас и нашето здравје, кои се подготвени и животите да ги дадат за да не одбранат нас и нашите најмили од опасната зараза. затворени во домовите, нашите срца нека останат отворени“, порача, меѓу другото, црногорскиот митрополит.

Би можело да ве интересира

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора, епицентарот е меѓу Никшиќ и Даниловград

Горан Наумовски

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ

Во Беране се запали автобус со 80 деца, три се болнички згрижени

Горан Наумовски