Црногорскиот митрополит Амфилохие прогласен за хомофоб на годината

Од:

Црногорската невладина организација за правата на геј заедницата „Квир Монтенегро“ го прогласи црногорско-приморскиот митрополит Амфилохие за „хомофоб на годината“.

„Титулата“ ја заработи благодарејќи на гласовите на анкетата на интернет страната на оваа НВО, каде освоил 75 отсто од гласовите.

По објавувањето на изборот, Амфилохие изјави дека со задоволство ја профаќа титулата и оти таа му е едно од „највредните признанија“.

Вчера, на литургија во Подгорица, посветена на семејството и раѓањето деца, Амфилохие најавената геј парада во Подгорица ја нарече „парада на смртта“.

– Парада на самоуништување, парада на убиство, на уништување на човековиот род. Парада на самоубиство, рече Амфилохиа, коментирајќи ја најавената за 2 ноември Парада на гордоста.

Би можело да ве интересира

Поддршка од Црна Гора за евроинтеграциите на нашата држава

Шефот на црногорската дипломатија поднесе оставка

Емир Латифовиќ

Кампања: „И хомофобите се луѓе“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Хаос во Подгорица: Солзавец и шок бомби

А1он