Поддршка од Црна Гора за евроинтеграциите на нашата држава

Од:

Северна Македонија и Црна Гора имаат одлични односи кои одат во нагорна линија како на политички, така и на економски план, оцениле на денешната средба во Скопје премиерот Оливер Спасовски и амбасадорката на Република Црна Гора, Марија Петровиќ.

Од владината прес-служба информираа дека амбасадорката Петровиќ во оваа прилика на премиерот Спасовски му пренела поздрави од црногорскиот премиер Душко Марковиќ, со очекување дека за време на оваа Влада, ќе се случат очекуваното полноправно членство во НАТО и заслужениот исчекор во евроинтеграциите, по се што постигна државата изминатите две и пол години.

На средбата се дискутирало и за изборите во април, односно оценето е дека периодот до изборите е значен и одговорен и сите политички чинители треба да придонесат кон натамошниот евро-атлантски развој на земјата, низ придонес во реформските процеси и организирањето и спроведувањето фер и демократски избори.

Премиерот Спасовски изразил благодарност до премиерот Марковиќ и до Црна Гора за поддршката во процесот на НАТО интеграциите и констатираше дека Република Северна Македонија и Република Црна Гора како рамноправни членки на НАТО, ќе имаат можност за уште поголемо унапредување на односите меѓу државите, во интерес на граѓаните на двете земји.

Ова е значаен период кога очекуваме исчекори кон двете стратешки цели на нашата држава, како што се полноправното членство во НАТО и напредок во евроинтеграциите и правиме како Влада сѐ што е потребно да продолжат реформите и напредокот, во интерес на овие аспирации. Тоа за граѓаните и за државата значи и економија и подобар животен стандард, рече премиерот Спасовски.

На состанокот заеднички било констатирано дека постојат услови за поголема економска соработка, на што ќе се посветат државите во иднина.

Од Владата информираат дека по изразената благодарност за поддршката од нашата држава на демократските процеси во Црна Гора, заеднички е оценето дека двете држави се развиваат демократски и дека ќе продолжат да си помагаат, во духот на европските вредности и на европскиот развој на општествата.

Би можело да ве интересира

Македонската евроинтеграција во 2023: Уставните измени го блокираа патот на земјата кон ЕУ

Димитров: Јазикот и идентитетот не може да бидат пречка за интеграцијата

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: Србија сака забрзување на евроинтеграциите и силно ги поддржува соседите за членство во ЕУ

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Османи: Да бидеме смирени и одговорни, очекуваме пристојна разрешница на нашите европски интеграции

А1он

Ромео: Подготвени сте за преговори, треба да ја исправиме грешката во март

Борисов: Со Каракачанов го поддржуваме членството на Северна Македонија во ЕУ и НАТО

А1он