Црногорски ракометар од Израел: Во моментов сум безбеден, кога ќе слушнам сирени одам во бункер

Од:

Црногорскиот ракометар Ристо Вујачиќ е во Рамат Хашарон, кој е оддалечен два-три часа со автомобил од Газа и местото каде што се водат борбите.

Вујачиќ за порталот РТЦГ изјави дека моментално е безбеден, но дека никој од црногорската влада не контактирал со него од почетокот на нападот.

„Јас сум во Рамат Хашарон, кој е оддалечен приближно два до три часа со автомобил од Газа и местото на конфликтот. Во моментов сум безбеден. Од почетокот на нападот, никој од црногорската влада не контактирал со мене, изјави Вујачиќ.

Тој рече дека во градот каде што се наоѓа, секоја куќа има свој бункер и имаат одредено време во кое треба да стигнат до него кога ќе се слушне звукот на сирената.

„Кога ќе се огласи сирената на почетокот на нападот и имаме 90 секунди да влеземе во бункерот. Во градот каде што моментално живеам, речиси секоја куќа има свој бункер, така што е можно да се стигне до него за толку краток период“, објаснува Вујачиќ.

Според Вујачиќ, тој останува во бункерот додека не се исклучи сирената.

Би можело да ве интересира

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници