Црна Гора уште не знае кога ќе ja добие вакцината против Ковид-19

Од:

Министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, денеска изјави дека не знае кога вакцината против новиот коронавирус ќе пристигне во Црна Гора и апелираше до граѓаните да ги почитуваат постојните мерки.

Таа на прес-конференцијата рече дека Институтот за јавно здравје побарал порадикални мерки и предложил целосно „заклучување“ во траење од 15 дена, но дека мерките биле ревидирани до степен дозволен од сегашната епидемиолошка состојба.

Во исто време, таа рече дека верските права се агарантирани со Уставот и дека тие мора да се почитуваат, но и дека црквата е должна да организира настани во согласност со важечките мерки.

Според неа, нема да има јавни собири за Нова Година на 31 декември, 24 декември или 6 јануари навечер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски