Црна Гора: Седуммина новозаразени, две недели откако беше прогласен крај на епидемијата

Од:

Црногорските здравствени власти соопштија дека во текот на изминатите 24 часа во земјата се откриени седум нови случаи на заразени со коронавирус, две недели откако во земјата беше прогласен крај на епидемијата.

Четворица новозаболени се контакти на порано регистрирани случаи, додека за тројца се трага по изворот на инфекцијата, соопшти Институтот за јавно здравје во Подгорица. Вкупно се извршени 200 тестови.

Четворица од новозаразените се жители на главниот град, додека по еден нов случај е забележан во Цетиње, Рожаје и Беране. Епидемиолошките истражувања се во тек.

Црна Гора е една од државите кои најдобро се справуваат со ширењето на коронавирусот во регионот и од почетокот на пандемијата забележа 326 случаи и вкупно деветмина починати. Во моментов, во земјата се активни девет случаи на Ковид-19, соопштија властите.

На почетокот на овој месец, црногорските власти прогласија крај на епидемијата, откако 28 дена по ред немаше забележан нов случај на инфекција со вирусот. Но, вирусот се врати неделава, кога беше откриен првиот случај по подолго време, кај човек кој дошол од Босна и Херцеговина.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски