Црна Гора бара екстрадиција на Алија Балијагиќ

Од:

Министерството за правда на Црна Гора испрати барање до Србија за екстрадиција на Алија Балијагиќ, државјанин на Црна Гора, кој беше уапсен кај Прибој на 21 ноември, а кој е осомничен за двојно убиство во градот Соколац.

Министерството за правда на Србија го доставило барањето на министерот за правда на Црна Гора за екстрадиција на Балијагиќ до Вишиот суд во Ужице, соопштија за Танјуг во тој суд.

Судот додава дека по барањето ќе постапи согласно законската процедура.

Балијагиќ беше уапсен на 21 ноември кај Прибој и се наоѓа во притвор. Во Србија тој е осомничен дека украл две пушки и нелегално носел оружје.

Балијагиќ беше во бегство од 25 октомври и по него трагаше црногорската полиција поради сомневање дека тој ден ги убил брат и сестра во градот Соколац.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски