Ципрас: Западен Балкан мора да биде меѓу приоритетите на ЕУ

Од:

ЕУ со цел да се реши политичката криза мора да го прифати фактот дека состојбата е вонредна и дека до следното лето треба да се преземат важни иницијативи, меѓу кои е и самит на земјите од Западен Балкан, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на неформална вечера со лидерите на државите членки на Унијата во Талин.

Според Ципрас, политичката криза во која ЕУ неодамна се најде е резултат на недоволно ефикасно решавање на економската и мигрантската криза во Европа.

Прва иницијата која, како што предложи синоќа грчкиот премиер, треба ЕУ да ја преземе е социјална Европа заснована на привремен раст, а не на строго штедење, но и нова структура на еврозоната.

Втора иницијатива, како што рече, се однесува на миграциската политика заснована врз праведна распределба на товарот и ефикасна борба против трговијата со луѓе, а третата се европско-турските односи.

Самитот ЕУ-Балкан и обновување на Солунската агенда треба да биде четвртата важна иницијатива која ЕУ, како што посочи Ципрас, мора да ја преземе со цел да ја реши својата политичка криза.

Петтата иницијатива што ја предлага се однесува на јакнење на меѓународната и регионалната улога на ЕУ и нејзината одбранбена политика.

Неформаланата вечера на лидерите на државите-членки на ЕУ за иднината на Унијата, одржана синоќа во естонската престолнина, е прв чекор во носење одлуки за иднината на Унијата.

Самитот во Талин денеска ќе биде посветен на добрите и лошите страни на дигиталната економија, како и кибер безбедноста.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете