Ципрас: Заедничката иднина на Балканот не може да се гради врз национализам

Од:

Нашата заедничка иднина на Балканот не може да се гради врз национализам, како што за жал се случи во минатото, или врз плановите на трети страни за нашиот регион, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по вчерашниот квадрилатерален самит во Варна со премиерите на Бугарија и Романија, Бојко Борисов и Михај Тудосе и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Четворицата лидери испратија пораки за мир, соработка и стабилност и се согласија дека следниот самит ќе се одржи во Белград.

Самитот во Варна беше уште еден чекор во соработката меѓу четирите земји во областа на економијата, енергетиката, безбедноста и бегалската криза. На средбата е прифатен предлогот на Грција за одржување на Самит на Европската унија и Западен Балкан за време на бугарското претседателство со ЕУ во првата половина од 2018 година. Исто така беше договорено дека премиерите на Грција и Бугарија, Алексис Ципрас и Бојко Борисов, ќе упатат заедничко барање до Европската комисија и нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер за обезбедување на европски финансии за железничката врска Солун-Варна.

Што се однесува до ЕУ, Ципрас истакна дека „за да може ЕУ да ја одигра улогата што ја заслужува на меѓународната сцена, да ја зајакне својата меѓународна улога и нејзината способност за поддршка на демократијата, стабилноста и меѓународното право, мора прво да биде во состојба да ги реши своите проблеми“.

Покрај тоа, тој подвлече дека Грција ќе игра конструктивна улога и истакна дека повторното обединување на Република Кипар врз основа на правично и одржливо решение е еден од предизвиците кои ЕУ треба да ги реши.

Ципрас исто така информира дека четворицата лидери разговарале и за големи проекти за развој, „кои ако продолжат, поширокиот регион ќе се промени“.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете