Ципрас попушти, Грција ги прифати условите на кредиторите

Од:

Алексис Ципрас потклекна пред условите на меѓународните кредитори и се согласи на речиси сите мерки кои одбиваше да ги спроведе. Новиот пакет мерки, напишан на 13 страни грчката влада и го предаде на еврогрупата, а во него се напишани истите обврски кои меѓународните кредитори ги бараа од Атина-намалување на државните трошоци за пензии и зголемени даноци.

Грција за возврат ќе добие 53,5 милијарди евра, со кои до крајот на јуни 2018 година би се исплатиле сите пристигнати обврски за отплата на долговите.

Мерките кои предвидуваат зголемување на данокот за компаниите за бродови и укинување на даночните олеснувања за островите треба да ги исполнат условите за нова спогодба на Грција со кредиторите со која би се избегнал банкротот и излезот од еврозоната.

Владата планира да го зголеми данокот на додадена вредност во рестораните и хотелите, да стартува со реформа на пензискиот систем, како и да одреди јасен рок за почетокот на големите приватизации.

Со ова Грција се согласи на барањата кои претходно одбиваше да ги прифати.

Помеѓу понудените мерки се и зголемување на данокот на луксуз и воведување данок на телевизиските реклами, како и преоѓање на нов систем на колективен договор кој крајот на годината.

Грчката влада се обрвзува дека до крајот на октомври ќе ги објави датумите за распишување тендер за приватизација на пристаништето во Солун. Се предлага и обврска и за чекори кон приватизација на регионалните аеродроми и продажба на државните акции во грчкиот Телеком.

Освен тоа, Атина нуди и кратење на трошоците за одбрана.

Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека владата во Атина планира примена на пакет “тежок“ 12 милијарди евра во наредните две години, што е повеќе во однос на претходно предвидениот износ на потребните средства на неутрализирање на последиците од враќањето во рецесија, после повеќемесечните мачни преговори со кредиторите.

Документот содржи и стари барања на кредиторите за зголемување на додадена вредност и намалување на средствата кои се издвојуваат за пензии. Грција предлага и реструктуирање на својот долг и пакет мерки за поттикнување на економскиот раст, вреден 35 милијарди евра.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара денеска да се одржи вонредно гласање во грчкиот парламент за тоа дали ова тело ги поддржува преговорите за листата на “приоритетни потези“, односно за мерките кои неговиот кабинет планира да ги преземе со цел да се склучи договор со кредиторите.

Владата, исто така, новата реформа во областа на пензииите ја најавува за октомври оваа година.

Грчкиот предлог стигна во Брисел, два часа пред истекот на рокот, односно четврток на полноќ.

Доколку европските партенри се задоволни од пакетот мерки на Алексис Ципрасм истиот може да биде профатен на вонредниот самит на лидерите на ЕУ во недела. Во спротивно на Грција и се заканува излез од еврозоната.

Би можело да ве интересира

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција