Ципрас на средбата со Меркел вети силни реформи во Грција

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел по вчерашната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Берлин изјави дека не е постигнато никакво трајно решение за финансиската криза во Грција, бидејќи тоа е задача на еврозоната.

Ципрас посочи дека причините за проблемите Грција не смее да ги бара во странатство туку дома.

Ципрас најави силни реформи но спомена само битката против даночната евазија. Тој демантираше дека во Берлин дошол по пари.

– Моја работа не е да барам пари за идната плата во Грција, тоа не е институционална обвдска на евроинституциите.

Меркел одби да коментира дали Ципрас ја уверил во реформите. Според неа за мерките треба да одлучуваат министрите за финансии на еврозоната.

Двајцата соговорници признаа дека имало жестока дебата и не открија детали за начинот на кој Атина ќе ти спроведе реформите.

За Ципрас проблемите со ликвидноста на земјата се со среден рок и се добро познати.

Грчкиот премиер коментирајќи ја сликата објавена во германскиот весник „Шпигел“, на која Меркел е прикажана со нацистички офицери пред Акропол, истакна оти Меркел не е виновна за тоа што го сториле нацистите. 

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија