Ципрас на средба кај италијанскиот премиер

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Рим ќе се сретне со неговиот италијански колега Матео Ренци.

Официјална Атина е задоволна од вчерашниот коментар на Ренци за радио РТЛ дека сака дискусијата за економската политика „да ја сврти од штедење кон раст и инвестиции“. Грчката Влада смета дека овој коментар е позитивна појдовна точка за „продуктивна дискусија“ меѓу двајцата премиери, јавува дописникот на МИА од Атина.

Грчката државна новинска агенција јави дека на средбата Ципрас се очекува да напомене дека Грција „е подготвена да продолжи со реформите во насока на фискална рамнотежа и социјална правда“, објаснувајќи дека за тоа е потребно време и фискален простор.

Грчкиот премиер исто така ќе му каже на Ренци дека „до вртење кон раст и инвестиции не може да се дојде преку тројката која ги блокира“ и оти Европа „најпосле мора да има доверба во своите институции и тела“. 

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен