Ципрас: Грција и Турција може да изградат современи односи

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган попладнево во Белата палата во Анкара се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, премиерот на Грција испрати позитивна порака за грчко-турските односи преку неговиот официјален „Инстаграм“ профил, каде што сподели фотографии од почетокот на средбата со Ердоган.

„Грција и Турција може да изградат современ однос на меѓусебна почит во корист на нашите народи и регионот“, напиша Ципрас на „Инстаграм“.

Паралелно со средбата Ердоган-Ципрас, средба имаат и сопругата на турскиот претседател со партнерката на грчкиот премиер.

Би можело да ве интересира

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Алексис Ципрас, единствениот грчки премиер што оствари официјална посета на Скопје

А1он

Ципрас поднесе оставка од лидерското место во Сириза

Ердоган им се обрати на приврзаниците: „Некој е во кујната, ние сме на балконот“