Ципрас: Целта на СИРИЗА е победа на европските избори

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази оптимизам дека неговата левичарска партија СИРИЗА ќе победи на претстојните избори за Европскиот парламент предвидени за 26 мај.

– Целта на СИРИЗА и на формираната прогресивна алијанса е да му даде можност на грчкиот народ да се изрази, секако по четири години, и да ја поддржи Владата која успеа да ја извади земјата од меморандумите, да постигне важни победи во корист на многумина и што има јасен печат во цела Европа. Нашата цел е победа на европските избори, a не пораз со слаб резултат, изјави Ципрас во интервју за грчката телевизија „Антена“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, коментирајќи ги рејтинзите на партиите што ги даваат агенциите за истражување на јавното мислење, според кои СИРИЗА е зад опозициската Нова демократија, грчкиот премиер рече дека е „веќе навикнат да губи на анкетите, а да победува на изборите“, а како пример ги наведе изборите во јануари и септември 2015 и референдумот истата година и уште еднаш ги отфрли сценаријата за предвремени парламентарни избори.

– Изборите ќе дојдат на крајот од четиригодишниот мандат. Ова е стратешки избор од моја страна што нема да се смени. Нема да се смени бидејќи мислам дека тоа е опиплив доказ за враќање на земјата во нормала, истакна Ципрас.

Грчкиот премиер најави дека по посетата на Кина и по Велигденските празници, ќе одржи состанок со надлежните за економија во неговата Влада за да се формира план за нови позитивни мерки за општеството.

Дел од грчките медиуми, објавија дека според агенција за рејтинг на телевизиите, синоќешното интервју на Ципрас за „Антена“ го гледале 27,3 отсто од вкупниот број гледачи, а 22,6 проценти на возраст од 18 до 54 години, врз основа на што провладините медиуми проценија дека интервјуто имало 1,2 милиони гледачи.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент