Цигари вредни милион и шестотини илјади евра се запленети во пристаништето Бар

Од:

Надлежните од Управата за приходи и Царина (УПЦ) на Црна Гора заплениле 1.188 кутии цигари во слободната зона на пристаништето Бар, односно околу 594.000 кутии, во вкупна вредност од над еден милион и 600 илјади евра, објави денеска „Вијести“.

Како што се наведува, сите цигари биле без акцизни маркички, а биле испорачани во контејнер од Обединетите Арапски Емирати.

Според „Вијести“, црногорските цариници спречиле шверц на цигари преку пристаништето во Бар.

Во контејнерот биле пронајдени три марки цигари и тоа „ФМ“, „Стела Дефина“ и „Стела Аква“.

Би можело да ве интересира

Во автобус од Македонија за Австрија шверцувала 1.700 кутии цигари, ја фатиле на Прешево

Катерина Ѓуровски

Запленети 280 килограми тутун и 59.996 штеки цигари

А1он

Бугарски државјанин уапсен за криумчарење на 2 000 кутии цигари

Ана Ололовска

Српските власти запленија рекордна количина на неоданочени цигари

Наум Локоски