ЦИА открива дека Милошевиќ не сакал да ги одбрани Србите од хрватската „Олуја“

Од:

На Слободан Милошевиќ му било поважно да ги тргне санкциите кон СР Југославија, отколку да го спречи егзодусот на Србите од Хрватска во акцијата „Олуја“.

Ова се наведува во еден од документите на ЦИА од кои е тргната назнаката за тајност.

Во документ кој датира од август 1995 година, пишува дека Милошевиќ бил подготвен да склучи договор, без разлика дали ќе доживе пораз Српска Краина во Хратска и за тоа дека ќе биде обвинет за предавство од Србите.

Тој бил подготвен на територијално порамнување, односно на Србите би им било компензирано со територија од Босна и Херцеговина.

Во документот се наведува дека напредувањето на хрватската војска во Босна или во секторот Исток сериозно би имало последици, зошто Милошевиќ и да не сакал ќе морал да ја употреби југословенската армија во директна интервенција.

Главната цел на Милошевиќ била да остане на власт, а не да ја брани „оддалечената српска краина“, пишува во документот.

Се наведува и дека Милошевиќ сакала да го елимнира Радован Караџиќ од политичката сцена, но и дека вистински лидер на Србите во Босна бил Ратко Младиќ.

Милошевиќ имал контрола врз најстарите генерали на ЈНА и врз медиумите, затоа по егзодусот на 150.000 Срби од Хрвтаска, медиумите го обвиниле раководствот на Српска Краина зшт не прифатиле планот за ограничена автономија.

ЦИА наведува во документите дека е тешко да се утврди што би ја предизвикало на директна интервенција југословенската армија и покрај нападот на хрватската војска.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне

Во Србија запленета голема количина на дрога