Членови на Рубикон извршија напад врз Амбасадата на Канада во Атина

Од:

Група од околу 10 лица, кусо по 6 часот утрово по локално време, со чекани и бои ја нападнаа Амбасадата на Канада во Атина, нанесувајќи материјална штета на објектот.

Искршени се прозорци и фрлени бои на фасадата на објектот..

Одговорноста за нападот, преку соопштение објавено на анархистички сајт, презеде групата Рубикон. Во соопштемиеот опширно и детално, членовите на анархистичката група ги објаснуваат причините за нападот.

– Многу рударски компании кои работат низ целиот свет се со седиште во Канада и три од нив беа вклучени во ископување злато во Халкидики. Канадските амбасади ширум светот често ги бранат канадски рударски компании до степен што ги уценуваат владите да прифатат ископувања, заканувајќи се со прекин на односите меѓу земјите, стои во соопштението, во кое се најавува дека групата дополнително ќе објават и видео од нападот.

Грчката полиција приведе едно лице под сомнеж дека учествувало во нападот, но тоа подоцна било ослободено.

За нападот, полицијата била известена од чуварот, вработен во компанија за обезбедување.

Според „Катимерини, Канадската амбасада во Атина не е под полициско обезбедување, бидејќи не се смета за цел на напади.

Со реакција излезе и грчкото Министерство за надворешни работи, кое го осуди нападот.

– Такви незаконски постапки нема да влијаат врз одличните односи на нашата земја со Канада, ниту врз долгогодишните врски на пријателство меѓу нашите народи. Надлежните грчки власти ги преземаат сите неопходни мерки за сторителите да бидат идентификувами, пронајдени и изведени пред лицето на правдата, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Грција.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Победа на либералите во Канада: Америка никогаш нема да владее со нас