Четворица загинаа во сообраќајна несреќа во близина на Урошевац

Од:

Четири лица го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на патот Урошевац-Штимље, јавуваат Репортери.

Канун Весели, портпарол на КП во Урошевац, за приштински Коха изјави дека во несреќата учествувале три возила.

„Регионалната полиција на Урошевац околу 19 часот и 15 минути добила информација дека на патот Урошевац-Штимље, на влезот во Штимље, се случила сообраќајна незгода во која учествувале три патнички возила – автомобили со локални регистарски таблички. Како последица на оваа незгода, загинаа четири лица“, изјави Весели.

Тој потврди дека екипи на итната помош се на лице место и дека сообраќајната единица врши увид.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Косовските Срби почнаа да се враќаат во државните институции

Во Косово уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница за издржување казна затвор од шест години

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Кастрати: Целосен дебакл на Курти