Четиринаесет повредени во автобуска несреќа во Хрватска

Од:

Четиринаесет лица се повредени, од кои тројца потешко, откако рано утрово се преврте автобус на белградското претпријатие „Ласта“ на линијата Сплит-Белград, јави Хина.

Како што е соопштено од „Ласта“, во возилото имало 17 патници, а според неофицијалните информации, никој од патниците не е во животна опасност.

Едно лице е префрлено во болницата во Загреб, четири лица по прегледот се згрижени во Домот на културата Поповача, а 12 лица се пренесени во болницата во Сисак, каде се упатени на натамошна дијагностика.

Хрватски медиуми наведуваат дека меѓу полесно повредените се и три деца, на возраст од четири до десет години, а оти возачите не се повредени.

Од Белград е испратен автобус кој патниците ќе ги пренесе до Белград.

Автобусот бил технички исправен.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег