Четири нови смртни случаи од Ковид-19 во Грција и 56 нови заразени

Од:

Бројот на починати од коронавирусот во Грција се зголеми на 90 лица, откако во изминатите 24 часа уште четири лица починаа, соопшти денеска професорот епидемиолог Сотирис Циодрас на денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во земјата регистрирани се уште 56 нови случаи на заразени со Ковид-19 и вкупниот број на позитивни е 2.011 лица од почетокот на епидемијата, од кои 57 отсто се мажи.

Од хоспитализираните, 77 се приклучени на апарати .

Во Грција, досега се анализирани 35.432 примероци .

Меѓу 56-те позитивни случаи потврдени денеска се и 20 заразени лица од ромската населба во грчкиот град Лариса, која од доцна синоќа е во целосен 14-дневен карантин.

Професорот Циодрас и заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, претпладнево ја посетија населбата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит