Четири лица повредени во експлозии на бомби во Зеница

Од:

Четири лица се повредени, меѓу кои двајца полицајци, во експлозија на две бомби кои утрово околу девет часот се фрлени во Сараевската улица кај Казнено-поправната установа во Зеница.

Како што потврди портпаролот на Зеничко-добојскиот кантон Алдина Ахмиќ, бомбите се фрлени на градилиштето покрај зеничкиот КПЗ, при отстранување на киоск кој се наоѓа на трасата на градската магистрала во изградба.

– Полицајците излегле на асистенција при отстранување на објектот кој се наоѓа на трасата на градската магистрала во изградба и во таа прилика сопственикот фрлил три бомби од кои две експлодирале. Три лица се полесно повредени, а меѓу нив еден полицаец, рече Ахмиќ.

Во Кантоналната болница Зеница, меѓутоа, велат дека се повредени четири лица, двајца полицајци и две женски лица.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина