Чавушоглу и Гутереш разговараа за меѓународна истрага на убиството на Кашоги

Од:

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу разговараше со генералниот секретар на Обединети Нации, Антонио Гутереш за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Но, според неименуван извор, Чавушоглу не поднел формално барање за истрага на ОН, за убиството на Кашоги.

Прашан дали побарал меѓународна истрага, Чавушоглу истакна дека со Гутереш разговарале за сите аспекти на меѓународната истрага.

Случајот Кашоги и натаму не е целосно решен, а во последните неколку дена во медиумите се појави информација дека ЦИА утврдила оти убиството на новинарот било лично нарачано од саудискиот принц Мухамед бин Салман.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“