Церар: Споровите околу рутата по која минуваат бегалците може да ја заострат ситуацијата на Западен Балкан

Од:

Споровите меѓу државите за рутата по која минуваат бегалците може да ја заострат ситуацијата во регионот на Западен Балкан и во поширокиот регион, изјави словенечкиот премиер Миро Церар по завршувањето на вонредниот самит на ЕУ во Брисел.

Церар нагласува дека е познато оти Балканот моментно не е доволно стабилен за да издржи такви ситуации.

– Затоа е многу важно посебно внимание да се посвети на Балканот и поширокиот регион, да им се помогне, па и финансиски и тоа посебно го истакнав во расправата, изјави Церар.

Тој вели дека го известил и претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер за потенцијалната криза со бегалците врз поширокиот регион.

– Предупредив дека треба повеќе да се направи да не дојде до поголеми тензии меѓу Хрватска и Србија и да им се помага на државите што не се во ЕУ, но добро соработуваат, истакна Церар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина