Церар: Словенија строго ќе ги применува Шенгенските правила на границата со Хрватска

Од:

Во случај да се повтори минатогодишната мигрантска криза, Словенија веќе нема да дозволи вонреден хуманитарен влез на мигранти, туку строго ќе ги применува Шенгенските правила на границата со Хрватска, изјави денеска словенечкиот премиер Миро Церар по средбата со австрискиот канцелар Кристијан Керн.

– Словенија строго ќе го чува шенгенското подрачје и на шенгенската граница со Хрватска строго ќе ја спроведува легислативата на ЕУ, истакна Церар.

Тој додаде дека неговата земја и Австрија прават се што е потребно за подобра заштита на надворешните граници на ЕУ и нудат помош за контрола на евентуален миграциски бран, најмногу за Бугарија, Србија, Македонија и Грција.

– Во случај на вонредна ситуација со мигрантите и голем бегалски бран, Словенија ќе преземе вонредни мерки, изјави Церар.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски