Церар: Можни се тужби против должниците на „Љубљанска банка“

Од:

Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека исплатата на штедните влогови на штедачите на поранешна „Љубљанска банка“ надвор од Словенијa, според  пресудата на Европскиот суд за човекови права, не ја исклучува словенечката тужба за побарувањата на „Љубљанска банка“ во поранешните југославенски републики.

На барањето на медиумите да ја појасни изјавата за БХТВ дека во согласност со пресудата на судот во Стразбур Словенија, и без противтужба, на босанскохерцеговачките штедачи ќе им ги исплати нивните депозити со камати, Церар, по состанокот на својата коалиција, рече дека не може да ја исклучи ни словенечката тужба против државите настанати со распадот на СФРЈ во кои „Љубљанска банка“ имала побарувања што не се наплатени.

Церар појасни дека одлуката на Европскиот суд Словенија мора да ја изврши во согласност со законот и откако штедачите ќе и ги предадат податоците тие ќе имаат право на исплата на влогот, но дека во разговорот за БХТВ не зборувал за прашањето на побарувањата на „Љубљанска банка“.

– Тоа е сосема одвоено прашање и тука не ги исклучувам тужбите, рече Церар додавајќи дека станува збор за проблемот на „сукцесијата и другите проблеми за кои Словенија веќе од претходно јасно ги изрази своите ставови“.

„И другите имаа големи долгови кон „Љубљанска банка“, а тука не е исклучено дека ќе одиме со тужби. Тоа во моментов интензивно го проучуваме“, рече словенечкиот премиер.

– Нашите побарувања мораат да се земат предвид , рече Церар, додавајќи дека оваа постапка мора да тече одвоено од прашањето на старото девизно штедење на граѓаните.

Европскиот суд за правата на човекот на 16 јули годинава, во случајот „Алишиќ и другите против Словенија“, пресуди дека Словенија е одговорна за неисплаќањето на заштедата на овие стари штедачи, но и за сите останати неисплатени заштеди на штедачите надвор од Словенија, кои се наоѓаат во истата правна положба, а кои мора да ги исплати на начин како што стори со штедачите во Словенија.

Станува збор за таканаречната „пилот-пресуда“, според која Словенија во рок од една година од пресудата мора да најде „системско решение“ за исплатата на штедачите.

Словенечкиот Парламент допрва треба да донесе оперативен закон за спроведување на пресудата и да обезбеди средства во државниот буџет, а се верува дека штедачите можат да бидат исплатени во петгодишни рати. Словенечката Влада во моментов го подготвува акцискиот план за спроведување на пресудата.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски