Централната изборна комисија на Бугарија до 17 август ќе прави регистрација за предвремените парламентарни избори

Од:

ЦИК на Бугарија до 17 август ќе ги прифати документите за регистрација на партиите и коалициите кои сакаат да учествуваат на изборите на 2 октомври, јави дописникот на МИА од Софија.

Иницијативните одбори до 22 август ќе ги достават своите пријави за регистрација до окружните изборни комисии.

Списоците со кандидати за народни заменици ќе се поднесуваат и ќе се пријават до 30 август, а ждрепката со која ќе се утврдуваат последователните бројки на гласачкото ливче на партиите и коалициите, ќе се влече во ЦИК на 31 август.

Датумите се запишани во распоредот што го усвои Централната изборна комисија за одржување на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 октомври.

Изборната кампања ќе биде отворена на 2 септември и ќе заврши на 30 септември на полноќ. Денот за размислување во Бугарија ќе биде на 1 октомври.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани