Бутковиќ: Доколку Карамарко си замине од Владата, во Хрватска следат избори

Од:

Новоизбраниот потпоретседател на ХДЗ, Олег Бутковиќ, изјави дека доколку Томислав Карамарко не остане прв потпретседател на хрватската Влада „ќе следат избори“,јави Танјуг.

Хрватскиот портал индех.хр пренесе дека Бутковиќ ова го кажал по вчерашните избори за Саборот на ХДЗ кога беше запрашан каков ќе биде ставот на новото Претседателство на оваа партија за Карамарко и може ли тој да остане прв потпретседател на Владата во Загреб.

-Томислав Карамарко мора да остане прв потпретседател на Владата, бидејќи само така е можно продолжување на работата на оваа влада. Во спротивно, следат предвремени избори, рече  Бутковиќ.

Бутковиќ, кој е избран за потпретседател на ХДЗ со најголем број гласови од делегатите, исто така, изјави дека се надева дека Мост на вицепремиерот Божо Петров ќе се предомисли околу предлогот за изгласување недоверба на Карамарко.

– Доколку има памет, ќе се предомислат, рече Бутковиќ и додаде дека смета дека продлжување на соработката со Мост е важно за владата во која тој е министер за сообраќај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ужас во Хрватска: Влета во смрт, пред несреќата објавувал видео како вози 200 на час

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер