Бушати: Несигурноста во Македонија е закана за евроинтеграцијата на регионот

Од:

Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати изјави дека политичката криза и етничката напнатост во Македонија може ги поткопа напорите на останатите балкански земји да се присоединат кон ЕУ, јави БТА.

– Безбедноста на една земја е неразделен дел од нашата заедничка безбедност… Тоа е закана за европската интеграција на целиот регион – рече Бушати.

Шефови на дипломатии и високи дипломати од неколку балкански земји се сретнаа денеска во албанската престолнина Тирана, во обид заедно да дадат акцент на своите кандидатури за членство во ЕУ.

Средбата се одржа пред клучната посета на Тирана идната недела, на српскиот премиер Александар Вучиќ, што е прва посета на Албанија на српски премиер.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека посетата ќе ја зајакне регионалната стабилност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“