Бугарските социјалисти нема да испратат свој претставник во делегацијата на премиерот Петков во Киев

Од:

Раководството на Бугарската социјалистичка партија, која е дел од четиричлената владејачка коалиција, одлучи да не испрати свој претставник во делегацијата предводена од премиерот Кирил Петков утре ќе го посети Киев, јави дописникот на МИА од Софија.

Раководството на БСП смета дека има доволно информации за ситуацијата во Украина и за последиците од војната во Украина. Бугарските социјалисти уште еднаш ја изразија својата поддршка за испраќање помош во Украина, но дека таа треба да биде хуманитарна и поврзана со заштитна опрема, лекови и медицински материјали и средства за обновување на цивилната инфраструктура. БСП останува на ставот дека нема да гласа за испраќање воена помош која вклучува муниција и смртоносно оружје.

Учесниците на состанокот на раководството на Бугарската социјалистичка партија очекуваат одлуката за целосна поддршка на Украина да биде донесена во Софија, по консултации меѓу коалиционите партнери, со што ќе се затвори прашањето и владата ќе се концентрира на надминување на други приоритетни прашања како што е инфлацијата, приходи, економски раст, социјална политика. Одлуката е донесена со апсолутно мнозинство, со само еден воздржан.

Во исто време пратеничката група на партијата на Слави Трифонов ќе гласа по сопствена совест и покрај оценката на нејзиниот лидер дека треба да и се даде воена помош на Украина. Утре делегација предводена од премиерот на Бугарија Кирил Петков ќе замине за Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари