Бугарскиот главен обвинител реагира на иницијативата за разрешување: Тоа е политички пиар

Од:

Јавното обвинителство на Бугарија соопшти дека не е изненадено што привремениот министер за правда Јанаки Стоилов, исполнувајќи ја волјата на привремениот министер за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков, достави предлог до Врховниот судски совет за ослободување на главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, изјави портпаролот на главниот обвинител Сијка Милева.

„Изненадени сме зошто Стоилов го поднесе предлогот против Иван Гешев дури сега – неколку дена пред истекот на мандатот на привремената влада, рече Милева, која ја оцени ситуацијата како политички чин насочен само кон политички дивиденди и ПР.

Милева смета дека предлогот содржи само политички, но не и правни аргументи и тој е без никакви конкретни детали.

Иван Гешев беше избран за главен обвинител на Бугарија на почетокот на 2020 година, а неговиот мандат трае седум години. Последен пат, повици за негова оставка се слушаа за време на масовните антивладини демонстрации

Доколку биде сменет од функцијата, тој ќе биде првиот бугарски главен обвинител кој ќе биде разрешен од функцијата по падот на бугарскиот претседател Тодор Живков во 1989 година.

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година