Бугарскиот дипломат Николај Младенов нов пратеник на ОН за Блискиот исток

Од:

Советот за безбедност на ОН го одобри именувањето на бугарскиот дипломат Николај Младенов за нов пратеник на ОН за Блискиот исток, соопштија денеска дипломатски извори.

Младенов беше пратеник на ОН за Ирак од 2013. а на новата функција ќе го замение холандскиот дипломат Роберт Сери, пренесуваат француските медиуми.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во Советот за безбедност соопшти дека одлучил да го именува Младенов за пратеник за Блискиот исток со што Советот се согласи, наведуваат дипломатски извори.

Младенов беше бугарски министер за надворешни работи и за одбрана, потсетуваат француските медиуми.

Неговото именување доаѓа во момент кога ОН инсистира на заживување на израелско-палестинските мировни преговори и обновата на  Газа по ланските судири.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски