Бугарски интелектуалци и забeлежуваат на БПЦ што не се заложила за МПЦ пред патријархот Кирил

Од:

Дваесеттина истакнати бугарски интелектуалци и академици упатија отворено писмо до архиереите на Бугарската православна црква зошто прашањето за статусот на Македонската православна црква не било покренато за време на неодамнешната посета на рускиот патријарх Кирил на Софија.

– Длабоко сме огорчени што архиереите на нашата БПЦ не го поставија пред рускиот патријарх Кирил за време на неговата посета (2-4 март 2018 година) прашањето за статутот на Македонската православна црква со што не ги исполнија нивните ветувања дека ќе ја застапуваат пред помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на МПЦ, наведуваат интелектуалците во писмото што го пренесува бугарски „Фокус“.

Во писмото, како што се псосчува, се изразува огорченост што ова прашање не било покренато ниту пред вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на посетата на бугарската црковна делегација на Истанбул на 6 и 7 јануари годинава. Воедно, се упатува на, како што се наведува, „вознемирувачката изјава“ на рускиот митрополит Иларион Волоколамски од 22 февруари годинава дека проблемот со МПЦ треба да се решава преку дијалог со СПЦ.

– Ние очекуваме Руската православна црква да ги прифати трајните долгорочни интереси на вселенското православие, на православните христијани во Република Македонија, Бугарија, Србија и сите соседни држави, така што ќе ги направи нужните мудри чекори за нормализирање на меѓународниот статут на возобновената Охридска архиеископија.

Сметаме дека вековните врски меѓу нашите цркви и народи и хармонијата на православието во светот се далеку поважни од сегашните политички искушенија, што во крајна линија доведува до продлабочување на расколот и други негативни последици по христијанството, стои во писмото.

Рускиот патријарх Кирил ја посети Софија од 2 до 4 март по повод одбележувањето 140 години од ослободувањето на Бугарија од османлиското ропство. Пред посетата, беше најавено дека патријарсите на БПЦ и на РПЦ, Неофит и Кирил ќе разговараат и за статусот на МПЦ-ОА, но јавно не беше соопштено дали на средбите во Софија станало збор за тоа прашање.

Единствена реакција за темата МПЦ за време на посетата на патријархот Кирил на Софија, беше изјавата на Александар Волков, началник на прес-службата на РПЦ, кој рече дека желбата на Македонската православна црква да добие црква мајка во Бугарската православна црква е многу комплексна и многу важна тема за која Руската црква сега многу се радува дека има можност да се решава од двете страни.

– Ние не можеме да предвидиме какви ќе бидат решенијата, но во секој случај Руската црква со внимание и со длабок интерес го набљудува процесот на преговори, изјави Волков.

Светиот синод на МПЦ-ОА на 9 ноември лани со писмо побара од БПЦ да и биде црква мајка, да се воспостави евхаристиско единство и да се заложи за признавање на нејзината на афтокефалност. МПЦ побара и заедничко служење на светата литургија со БПЦ.

Светиот синод на Бугарската православна црква на 27 ноември одлучи да се ангажира и застапува пред помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите