Бугарија, Турција и Грција потпишаа договор против илегална имиграција

Од:

Бугарија, Грција и Турција денеска во Софија потпишаа договор за формирање центар за размена на информации во реално време, со цел да се спротивстават на илегалната имиграција и криумчарење.

– Овој центар за полициска и царинска соработка ќе функционира на бугарско-турскиот граничен премин Капитан-Андреево, во чија близина се спојуваат границите на трите земји, изјави бугарската министерка за внатрешни работи Румјана Бачварова.

Турскиот министер за внатрешни работи Себахатин Остурк истакна дека полициските и царинските органи ќе разменат информации во реално време со цел на соодветен начин да реагираат на илегалната имиграција и криумчарење.

Договорот треба да биде одобрен од парламентите на трите држави.

– Турција прифати два милиона имигранти, меѓу кои 1,7 милиони од Сирија, нагласи Остурк, изразувајќи жалење бидејќи „ЕУ одвоила само 300 милиони долари за трошоци за сместување на бегалците“.

Бугарија изгради 30-километарски ѕид и распореди полициски сили за да го ограничи влезот на илегалните имигранти кои доаѓаат од Турција по копнен пат.

Би можело да ве интересира

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

А1он

Судија од Тексас ја блокираше наредбата на Бајден, САД можат да продолжат со депортација на имигранти

Жарко Настоски

Бајден со укази ја запира агонијата на разделените семејства од Латинска Америка

Жарко Настоски

Тимот на Бајден планира да спречи депортација на милион имигранти од Хондурас и Гватемала

Жарко Настоски