Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени 11.181 нов случај на инфекција со коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата.
Уште 91 лице починало како последица на коронавирусот, а кај новозаразените доминира сојот омикрон, јавува Ројтерс.
Во болниците има 5.259 пациенти, од кои 554 се на интензивна нега. Од почетокот на пандемијата во Бугарија се потврдени вкупно повеќе од 840.000 случаи на инфекција, а починале 32.332 лица. Во Бугарија, која има околу седум милиони жители, помалку од 30 отсто од населението е вакцинирано.