Бугарија нема да се приклучи на Глобалниот договор за миграција

Од:

Бугарската Влада соопшти дека нема да се приклучи кон Договорот за миграција и нема да учествува на конференција за негово усвојување на 10 и 11 март во Маракеш.

„Владата одлучи да се воздржи од пристапување кон Глобалниот договор за безбедни, уредени и регулирани миграции“, се вели во соопштението на бугарската Влада, додавајќи дека Софија нема да испрати официјални претставници на меѓувладината конференција за ова прашање во Мароко.

Бугарската Влада додаде дека ќе продолжи да ги почитува постоечките меѓународни обврски и ќе ја зајакне граничната контрола.

Бугарија веќе постави жичана ограда долж границата со Турција, од каде доаѓаат мигрантите.

На необврзувачкиот договор кој треба да биде потпишан во мароканскиот град Маракеш се спротивставаат националистите во неколку земји, а САД, Унгарија, Австрија, Полска и Израел соопштија дека нема да го поддржат. Летонија, пак, денеска соопшти дека ќе испрати свој претставник и ќе учествува на Конференцијата, но нема да го потпише документот.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот