Бугарија ќе и обезбеди на Украина лесно оружје и муниција. Тоа денска го изјави бугарскиот технички министер за економија и индустрија Никола Стојанов.
Според него, обезбедувањето воена помош ќе се заснова на одлука донесена од Парламентот.
– Министерот за одбрана достави список со можностите на бугарската армија. Оваа листа ќе биде објавена многу брзо. Согласно можностите на бугарската армија, ќе и пружиме помош на Украина, како што одлучија пратениците, изјави Стојанов.
Тој посочи дека помошта што Бугарија ќе и ја даде на Украина на никаков начин нема да влијае на борбената способност на бугарската армија.
Извор: МИА