Бугарија и Грција ќе градат нова железничка линија од Солун до Русе

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, заедно со владината делегација пристигна во грчкиот град Кавала, каде утре ќе биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу Бугарија и Грција за изградба на железничка линија во правец „Солун – Кавала – Александрополис – Бургас – Русе“.

Меморандумот ќе биде потпишан од страна на бугарскиот министер за транспорт Ивајло Московски и грчкиот министер за инфраструктура, транспорт и мрежи Христос Спиртзис, јави БТА.

Со документот ќе бидат регулирани подготвителните работи и заедничкото управување на двете земји.

Проектот предвидува, поврзување на реката Дунав, Црно Море и Егејско Море со железнички коридор, како и развивање на пристаништа, кои ќе бидат дел од главната ТЕН-Т мрежа.

Планирана е изградба на двојна електрифицирана железничка линија со вграден ЕРТСМ систем за управување на железнички сообраќај.

Би можело да ве интересира

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска