Бугарија го протерува првиот секретар од Амбасадата на Русија во Софија

Од:

Бугарското Министерство за надворешни работи му врачи нота за персона нон грата на руски дипломат, кој бугарските власти го обвинија за шпионажа.

Нотата му е врачена на Филип Воскресенски, кој е втор човек во руската амбасада во Бугарија. Рускиот дипломат, кој е прв секретар, има 72 часа да ја напушти територијата на државата.

Потегот на бугарското МНР е преземен откако вчера беше спроведена специјална операција во зградата на Државната агенција за национална безбедност за потрага по руски шпиони.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера изјави дека руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија.

– Тоа што го истражуваме на многу места е голема руска дијаспора на агенти во Бугарија. Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) ги истражува. Некои од нив работеле специјално врз добрите односи со Северна Македонија. Рускиот интерес бил фокусиран врз тоа да нема европска иднина за Западен Балкан, рече Петков.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски