Бугарија го повика својот амбасадор во Белорусија на консултации, во знак на солидарност со европските партнери, изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
– Со оваа одлука изразуваме солидарност и поддршка на партнерите во ЕУ, напиша на Твитер Захариева, која учествува во Братислава на безбедносниот форум Глобсек.
Таа нагласи дека за време на самитот се сретнала со белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја и му изразила поддршка на белорускиот народ „во борбата за демократија, правда и слобода“.
– Народот има право да одлучува за својата иднина, напиша Захариева.